Топло време - 26,06,2025 - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Топло време - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Сончево и топло време, попладне е можно невреме со град

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен ветер од североисточен правец, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во попладневните часови се очекува локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а на одредени места ќе има услови и за краткотрајно невреме со појава на град.

Утринските температури ќе се движат во интервал од 10 до 19 степени Целзиусови, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 27 до 39 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од скопската котлина се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од утре температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот, кога ќе дува засилен ветер од северен правец, велат од Управата.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот