Собрание / Фото Слободен печат / Драган Митрески

Изборниот законик ќе се носи по скратена постапка

Собранието со 59 гласа „за“, три гласа „против“ и без воздражни го изгласа носењето по скратена на Предлогот законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој е дел од реформската агенда.

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, ги задолжи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, како матично работно тело и Законодавно правната комисија да заседаваат по предлог законот.

Предлогот до Собранието е доставен од група пратеници, и тоа Антонијо Милошоски, Зеќирија Таири, Даниел Стојчевски, Блерим Беџети и Иванка Василевска. Со измените, меѓу другото, се предвидува електронско гласање на дијаспората, а има промени и во делот на државното финансирање на партиите.

Предлагачот, образложувајќи зошто Изборниот законик треба да се донесе по скратена постапка, посочи дека за него се дискутира четири месеци во рамки на Министерството за правда, каде учествуваа претставници на политичките партии, освен СДСМ, која почна, а потоа се повлече.

„Во рамките на овие дискусии се согласивме околу 28 препораки на ОДИХР, коишто беа консензуално прифатени. Во работната група во Министерството за правда за ниту една тема немаше надгласување и секогаш се одеше со консензус. Ќе имаме можност тие работи да ги дискутираме и за време на собраниската и за време на комисиската седница“, изјави Милошоски, образложувајќи го предлогот.

Во однос на изборниот модел, Милошоски, укажа дека најголем број од политичките партии биле за една изборна единица, но две биле за осум и за три, но бидејќи не се постигнал консензус, се остана на сегашното решение со шест изборни единици.

По однос на гласањето од дијаспората, Милошоски појасни, дека е постигнат консензус да биде овозможено согласно праксата во Франција и Естонија и да има електронско, безбедносно и заштитено гласање.

Во однос на моделот за користење средства за изборно рекламирање, Милошоски, појасни дека е постигнат едногласен консензус.

„Немаше ниту една партија која надгласала друга или некои преставници на политички партии да занемариле предлог на други колеги од политичките партии и ценам дека овој постигнат консензус од најголем број од политичките партии кои учествуваа во Работната група во Министерството за правда треба да се цени како солидно постигнување и унапредување на нормите на Изборниот законик“, порача Милошоски.

Милошоски, исто така, потенцираше дека предлог измените се во согласност со реформската агенда и усвојувањето на Изборниот законик ќе ги направи одржлив и оправдан во следните пет, десет и петнаесет години.

-Согласно тоа сметам дека би било добро во скратена постапка истиот да биде усвоен и поддржан консензуално од сите политичк партии во Собранието – појасни Милошоски.

 

Изборниот законик без консензус на нова седница попладнево

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот