Ивановски против првиот носител Андреј Чепелев на турнирот во Скопје
Македонскиот тенисер Калин Ивановски во првото коло на ИТФ М25 MACEDONIAN OPEN 2026 ќе игра против првиот носител Андреј Чепелев. Секако ова треба да претставува и „дерби меч“ првото коло, но можеби и финале пред финалето особено што Ивановски на турнирот доаѓа со финале од неделата во Загреб, Хрватска. Чепелев во Загреб каде беше рангиран како втор носител во четвртфиналето загуби од Хрватот Божо Барун, кој потоа беше поразен од Ивановски.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Од останатите наши тенисери на турнирот во првото коло, Стефан Мицов ќе игра против Полјакот Каспер Симковјак, додека Амар Хусеиновиќ за ривал го има Александер Вајс од Италија (носител број 6). Кристијан Јанев и Обрад Марковски ќе го чекаат исходот од крајот на квалификациите и во првото коло ќе играат еден од осумте тенисери кои ќе ги минат квалификациите како победници.
Резултати на македонските тенисери од денешното второ коло од квалификациите:
Горазд Србљак – Лоренцо Лети Месина (Италија) 2-0 (64 61)
Горјан Вукиќевиќ – Тадија Радовановиќ (Србија, 6 носител) 0-2 (36 26)
Максимилијан Алексовски – Жозеф Хернандез (Аргентина,8) (04 предаде)
Алексеј Стојановски – Максимилијан Борисов (Бугарија, 5) 0-2 (64 61)
Александар Трифуновски – Јаник Кастелново (Швајцарија,7) (06 02 предаде)
Ерион Незири – Ерик Владимиров (Бугарија) 0-2 (16 26)
Марко Алексовски денеска го играше и мечот од првото коло од квалификациите и постигна победа со 2-0 во сетови (62 60).
Во понеделник беше извршен ждребот и во конкуренција на двојки. Калин Ивановски ќе настапи заедно со Петар Јовановиќ од Црна Гора и во првата рунда ќе играат против Николас Бруна (Чиле) и Франциско Томас Гешвилд (Аргентина). Амар Хусеиновиќ заедно со Роман Постолка (Чешка) за противници ги имаат Владислав Орлов (Украина) и Каспер Симковјак (Полска). Кристијан Јанев и Стефан Мицов ќе играат со Радослав и Васил Шандаров (Бугарија), Обрад Марковски и Горазд Србљак против Иван Анхелов (Украина), Андре Мајнерц (Данска), додека Ѓорѓи Јанкуловски и Дарко Колевски ќе се обидат да запишат победа против Никола Керемедџиев и Давид Симеонов (Бугарија).


