Пратеници на седница во собрание / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Изборниот законик без консензус на нова седница попладнево

Изборниот законик е еден од петте закони кои според собранискиот Деловник може да биде блокиран со филибастеринг. 

На нова собраниска седница закажана за 16.15 часот пратениците ќе ја почнат расправата за новите измени и дополнување на Изборниот законик, што ќе се носат по скратена постапка, а законот е дел од Реформската агенда.

Предлогот до Собранието е доставен од група пратеници и тоа Антонио Милошоски, Зеќирија Таири, Даниел Стојчевски, Блерим Беџети и Иванка Василевска. Меѓудругото, со измените се предвидува електронско гласање на дијаспората, а има промени и во делот на државното финансирање на партиите. Блокада на изборниот законик веќе најавија од опозициските Левица и СДСМ.

Изборниот законик е еден од петте закони кои според собранискиот Деловник може да биде блокиран со филибастеринг.

Иако учествуваше во работната група Левица не го потпиша овој предлог со образложение дека не се согласува со предложениот начин на финансирање на партиите бидејќи тие иако имаат шестмина пратеници, на партијата ќе и бидат исплатени исто колку кога беа двајца.

Од ВМРО-ДПМНЕ беше истакнато дека договорено е Левица да поднесе амандман на предлогот.

Претставници на СДСМ не учествуваа во работната група за измените на Изборниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот