Фото: EPA/MICHELE MARAVIGLIA

Енцо Мареска официјално е нов менаџер на Манчестер сити

Англискиот фудбалски клуб Манчестер сити денеска го потврди назначувањето на Енцо Мареска за нов менаџер. Италијанецот потпиша тригодишен договор до летото 2029 година.

За Мареска ова ќе биде неговиот трет престој во клубот, а тој доаѓа со богато искуство и успех на елитно ниво.

– Манчестер Сити е клуб што го познавам многу добро и шансата да го водам овој тим е одлична можност за мене. Ги знам барањата, очекувањата. Сити е неверојатно добро управуван фудбалски клуб. Сè што прават е иновативно, планирано и одлучно. Тоа ми ја обезбедува конзистентноста што ми е потребна за ефикасно да ја извршувам мојата работа. Квалитетот на луѓето што работат тука е она што го прави толку посебен овој клуб и сакам да им се заблагодарам што покажаа доверба во моите способности. Едвај чекам да почнам да ги тренирам играчите. Сакам да победуваме, да играме добар фудбал – рече Мареска за клупскиот сајт.

Тој ќе го наследи Пеп Гвардиола на клупата, кој неодамна ја заврши најуспешната ера во историјата на клубот.

Мареска го напушти Челси на почетокот на годината, а сега се враќа на „Етихад“, каде што веќе работеше како член на стручниот штаб на Гвардиола од 2022 до 2023 година. Пред тоа, тој ги водеше и младинските тимови на клубот, па затоа добро го познава работниот систем на „Граѓаните“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот