Никола Митревски („РК Еурофарм Пелистер“)/фото: facebook.com/hceurofarmpelister

ВИДЕО | Митревски ја има трета најдобра асистенција во ЛШ

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски и член на Еурофарм Пелистер се најде меѓу најдобрите асистенти во изминатата сезона од ракометната Лига на шампионите.

Асистенцијата на чуварот на мрежата на Еурофарм Пелистер за Дејан Манасков на натпреварот против Барселона е избрана за трета најдобра во сезоната. Акцијата заврши со погодок кој претходно беше прогласен и за најатрактивен гол во натпреварувањето.

На првото место на листата се најде Емерик Мине од Нант, додека втор е Недим Ремили. Зад Митревски во Топ 10 се пласираа Лазар Кукиќ, Домен Макуц, Лук Стеинс, Симон Јепсон, Дика Мем, Жилиен Бос и Тобијас Грондал.

Вардар ги дозна противниците за новата сезона во Лигата на шампионите

ВИДЕО | Манасков го има голот на сезоната во Лигата на шампионите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот