Дејан Манасков/РК Еурофарм Пелистер

ВИДЕО | Манасков го има голот на сезоната во Лигата на шампионите

ЕХФ ја објави ранг-листата на најатрактивни погодоци од минатата сезона во Лигата на шампионите, а на самиот врв се најде погодок на левото крило на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков .

Манасков постигна ефектен гол на дуелот против Барселона. Акцијата започна со прецизно додавање на голманот Митревски, по што Манасков навреме тргна во длабочина, ја прифати топката во скок и ја смести во мрежата, на воодушевување на домашната публика.

Второто место го зазеде Матиас Гидсел, додека останатите позиции во топ 10 ги пополнија Тсковребадѕе, Баруфе, Мачковшек, Клар, Мине, уште еден погодок на Гидсел, Арнолдсен и Гасама.

Фитиљ не мрда од Битола: Кузмановски и Еурофарм Пелистер ја продолжија љубовта

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот