Марко Палестра/Cagliari FC

Челси даде повеќе пари и за 60 милиони евра го украде планираното засилување на Интер

Челси го договори своето прво засилување во летниот преоден рок, обезбедувајќи го потписот на еден од најперспективните млади фудбалери во Италија.

Станува збор за 21-годишниот десен бек Марко Палестра од Аталанта, кого италијанските експерти за трансфери го сметаат за еден од најголемите таленти на својата генерација. Според информациите, вредноста на трансферот ќе изнесува 60 милиони евра, а договорот вклучува и дополнителни 10 проценти од идната продажба на играчот.

Италијанскиот репрезентативец ќе потпише шестгодишен договор со лондонскиот клуб, според кој ќе заработува околу пет милиони евра по сезона. Неговите лекарски прегледи во Лондон веќе се закажани.

Интересно е што Палестра беше една од главните трансфер цели на Интер. Миланскиот клуб имаше договор со фудбалерот до 2031 година и плата од околу три милиони евра годишно, а беше блиску и до договор со Аталанта вреден 45 милиони евра плус дополнителни бонуси.

Сепак, Челси во последен момент се вклучи во трката и успеа експресно да постигне договор со клубот од Бергамо. Младиот дефанзивец минатата сезона ја помина како позајмен играч во Каљари, каде што настапи на 37 натпревари, постигна еден гол и забележа четири асистенции.

Неговите настапи не останаа незабележани, па беше прогласен и за најдобар дефанзивец во Серија А во текот на сезоната. Палестра ќе биде првото засилување на Челси под водство на Чаби Алонсо, кој започнува нова ера на клупата на англискиот гигант.

ФОТО | Зошто Алмирон беше исклучен со новото правило на ФИФА, а Белингем не?

ВИДЕО | Стјуардеса изненади босански навивачи на лет за Сиетл — во авионот ечеше хитот на Халид Бешлиќ

ВИДЕО | Фудбал во кочанско Уларци нема каде да се игра – теренот станал нива со жито

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот