Нејмар/EPA-EFE/Ricardo Rimoli

Анчелоти потврди: „Нејмар е подготвен за Шкотска“

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, потврди дека Нејмар се враќа во тимот и ќе биде на располагање за натпреварот против Шкотска во третото коло од групата Ц на Светското првенство.

Ѕвездата на бразилската репрезентација ги пропушти првите два натпревари против Мароко и Хаити поради повреда, но во текот на неделата целосно се врати во тренажен процес и тренираше со остатокот од екипата.

ВИДЕО | Англија ја победи Хрватска во спектакл со шест гола во Далас

Анчелоти истакна дека Нејмар е подготвен и физички и ментално за настап, нагласувајќи дека може да одигра и едно полувреме, но и цели 90 минути, во зависност од текот на натпреварот.

„Тој тренираше одлично оваа недела, многу сме среќни што се враќа“, изјави селекторот на Бразил.

Сепак, Бразил ќе биде ослабен со отсуството на Рафиња, кој поради повреда нема да биде во составот за овој дуел.

Анчелоти предупреди и на квалитетот на Шкотска, истакнувајќи дека противникот има искусни фудбалери и дека се очекува тежок натпревар, кој ќе се игра во Мајами на полноќ по македонско време.

По две кола, Бразил и Мароко имаат по четири бода, Шкотска е трета со три, додека Хаити е без освоен бод.

ВИДЕО | Фудбал во кочанско Уларци нема каде да се игра – теренот станал нива со жито

ВИДЕО | Роналдо не сакаше да одговори на прашање за Меси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот