Легендарниот Боди Милер бил уапсен поради дрога, тврди дека не била негова
Олимпискиот шампион во алпско скијање Боди Милер бил уапсен претходно овој месец во Ајдахо поради две прекршочни обвиненија поврзани со поседување дрога, а во сега изјави дека спорната супстанца не била негова.
Препорачано
Според судските документи до кои дошле американските медиуми, 48-годишниот Милер на 6 јуни бил обвинет за поседување сомнителна супстанца и поседување прибор за употреба на дрога.
Поранешниот алпски скијач бил ослободен со кауција од 5.000 долари, а подоцна се изјаснил дека не е виновен по ниту една од точките на обвинението. Неговото подготвително рочиште е закажано за 29 јули.
Милер сега се огласи преку социјалните мрежи и ја објасни ситуацијата.
„Бев запрен поради пребрзо возење додека претекнував друго возило на автопат во Ајдахо. Мој пријател, кој патуваше со мене, кај себе имал мала количина канабис и луле за канабис, за што јас воопшто не знаев. Во целост соработувавме со полицаецот. Се надевам дека прекршочните обвиненија ќе бидат отфрлени кога повторно ќе се разгледаат фактите“, напиша Милер.
Боди Милер е еден од најуспешните американски скијачи во историјата. Со шест олимписки медали, тој е најтрофејниот американски алпски скијач на Зимските олимписки игри. Медалите ги освои во четири различни дисциплини, а настапи на пет Олимпијади во 1998, 2002, 2006, 2010 и 2014 година.
На Игрите во Ванкувер во 2010 година го освои олимпиското злато во суперкобинација, а во својата колекција има и три сребрени и две бронзени олимписки медали.
Милер беше победник во генералниот пласман на Светскиот куп во 2005 и 2008 година и во кариерата освои и четири златни медали на светските првенства. Со 33 победи во трките од Светскиот куп, тој сè уште го држи рекордот меѓу американските скијачи. Од активното натпреварување се повлече во 2017 година.
Македонските претставници блеснаа на стритлифтинг натпреварувањето Final Rep Slovenian Open


