Го освои Вимблдон во 2023 година, а сега е суспендирана, одбила допинг-контрола
Поранешната шампионка на Вимблдон, Маркета Вондроушова, доби четиригодишна суспензија откако одбила да биде дел од допинг-контрола, соопшти Меѓународната агенција за интегритет во тенисот.
Препорачано
Случајот датира од декември минатата година, кога чешката тенисерка не сакала да обезбеди примерок за време на допинг-тест спроведен надвор од натпреварувањата.
Предметот бил разгледуван од независно тело во април, а по завршувањето на постапката е донесена одлука за четиригодишна забрана за настап.
Од Агенцијата потсетуваат дека обврската за тестирање е еден од клучните столбови на антидопинг-системот и дека одбивањето на контрола се третира како сериозно прекршување на правилата. Според важечките прописи, почетната санкција за ваков прекршок изнесува четири години суспензија.
Во објаснувањето на правилата се наведува дека тенисерите можат да бидат тестирани во секое време и на која било локација за време на тренинзи, во хотелите каде што престојуваат за време на турнирите, па дури и во нивните домови. Контролите се спроведуваат без претходна најава и во согласност со антидопинг-стандардите.
Поради тоа, случајот на Вондроушова се смета за особено тежок. Иако не станува збор за позитивен допинг-тест, туку за одбивање на тестирање, антидопинг-правилата предвидуваат подеднакво строги последици и за вакви прекршоци.
ВИДЕО | Ѓоковиќ по маратонски меч од пет часа загуби од 20 години помладиот Фонсека


