Насер Мазрауи/EPA/OLGA FEDOROVA

Еден од најдобрите фудбалери најави пензија на 28 години — сака да стане имам во џамија

Мароканскиот репрезентативец Нусаир Мазрауи со својата последна изјава предизвика изненадување во фудбалските кругови, откривајќи дека не ја исклучува можноста да стави крај на кариерата по завршувањето на Светското првенство.

Во разговор со медиумите, 28-годишниот фудбалер призна дека размислува за живот по фудбалот и за остварување на лични цели кои за него имаат посебно значење.

„Можно е по Светското првенство да се повлечам од професионалниот фудбал. Животот е краток“, изјави Мазрауи.

Тој откри дека една од неговите најголеми желби е целосно да го изучи Куранот и во иднина да се посвети на верскиот живот.

„Сакам да го научам Куранот напамет и еден ден да станам имам во џамија“, порача мароканскиот репрезентативец.

Неговите зборови предизвикаа бројни реакции кај навивачите и фудбалската јавност, особено поради фактот што Мазрауи сè уште настапува на највисоко ниво и се наоѓа во период кога се очекува да ги достигне најдобрите години од својата кариера.

Во моментов Мазрауи е член на Манчестер јунајтед и важи за еден од клучните играчи на мароканската репрезентација.

ВИДЕО | Еден натпревар на Мундијалот на Ибрахимовиќ му бил многу здодевен: Заспав во второто полувреме

Ганскиот врач што тврдеше дека го „средил“ Роналдо, сега му се закани на Кејн

Неговиот татко му ја уништувал опремата за да го откаже од фудбалот, живеел како бездомник, а сега беше херој на Иран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот