ВИДЕО | Голем пожар кај Мостар – гори отпад, воздухот е опасен за дишење
Голем пожар избувна на местото за отстранување отпад во близина на Мостар, при што огнот ги зафати и службените простории, како и просторот каде што се складираат гуми. Поради пожарот, квалитетот на воздухот е сериозно загрозен, а градските служби издадоа предупредување до граѓаните и им препорачаа да избегнуваат престој на отворено, објави Бљесак.
Препорачано
Gori Uborak #pozar #deponija #mostar pic.twitter.com/xWhrm9wpgu
— Bljesak.info (@Bljesak) June 22, 2026
Пожарникари од Мостар со неколку возила, како и припадници на вооружените сили на Босна и Херцеговина со цистерни, од утрово го гаснат пожарот. Во гаснењето од воздух беше вклучен и авионот „Ер Трактор“.
Градот Мостар предупреди дека материјалите горат во подлабоките слоеви на депонијата, поради што густ чад со нездрави честички се шири кон населбите.
„Потполна апокалипса во Мостар“, беше објавено на социјалната мрежа Икс од страна на „Бљесак“.
На граѓаните им се препорачува да не излегуваат доколку не мораат, да ги избегнуваат сите активности на отворено во пошироката близина на депонијата и да ги затворат прозорците и вратите на куќите и становите. Посебна претпазливост се препорачува во текот на ноќта и наутро, кога чадот, поради временските услови, се спушта поблиску до земјата.
„Гори Уборак“, објави „Бљесак“ на социјалната мрежа Икс.
На граѓаните кои живеат во близина на депонијата им беше советувано и да не користат вода од отворени бунари и извори, додека надлежните санитарни и епидемиолошки служби не потврдат дека таа е безбедна за употреба.
Пожарот избувна рано утрово. Во текот на денот се прошири на магацинот и на другите деловни објекти на депонијата. Огнот го зафати и магацинот со стари гуми.
На местото на пожарот се слушнале и експлозии, за кои локалните медиуми објавија дека доаѓаат од боци за гас.
Сите вработени на депонијата се евакуирани. На местото на настанот пристигна и градоначалникот на Мостар, Марио Кордиќ, а федералното Министерство за животна средина и туризам побара да се преземат сите мерки за намалување на последиците врз луѓето и животната средина.
Трагедија во БиХ: Маж ја убил сопругата со ловечка пушка, па се самоубил


