„Срам да ви е“ – Искра Канзурова лута на некултурна публика во Градски парк
Водителката Искра Канзурова се огласи лута по вчерашниот концерт во Градскиот парк во Скопје, каде што музичари од Македонија, Бугарија и Грција ја изведоа „Кармина Бурана“.
Препорачано
Искра реагираше на некултурата на одредени музичари кои дошле во публика со своите деца.
„Во врска со вчерашниот концерт одржан во парк. Прекрасен, величествен, беспрекорен, што се однесува до тоа што се одвиваше на сцена. Но, еве малку за нашата малограѓанштина од оние од кои тоа најмалку би требало да се очекува. Публиката достоинствена, културна, но еве кој ја нарушуваше целата атмосфера. Стоев од страна, веднаш до обезбедувањето. Помеѓу сцената и публиката јасно е дека има заграден простор. Внатре опрема за озвучување и неколку девојки во колички. Одеднаш, откако веќе беше започнат концертот еве доаѓаат да се пикнат: јас сум вработена во Филлхармонија, јас во МОБ….
По некое време дојде поголема група и почна да му вика на обезбедувањето, па ние секоја година влегуваме, па ти не си наше обезбедување. Беа 5 мајки со 5 деца. Простете ама ‘Кармина бурана’ е се’ само не претстава за деца. Внатре имаше едно куче, веројатно жител на Градскиот парк и едната почна да вика: ‘кучето може да влезе а ние не?’ Каде бе жено да влезеш??? Отворен концерт. И да финиширам, се напикаа вработените со своите деца и погодете каде застанаа? Со задникот завртени пред девојките инвалиди во колички. Да, тоа го направија.
Се надевам дека ќе го прочитате постов и да ви кажам дека да ве биваше ќе бевте на сцена, а не да малтретирате публика. Срам да ви е“, напиша Искра Канзурова (Мишиќ).
Инаку, на величенствениот концерт настапи оркестарот на македонската Филхармонија, заедно со музичари од Софиската филхармонија, Државниот симфониски оркестар од Солун, хорот на Националната опера и балет, детскиот хор „Пиколо“ и хорот од Музичкото училиште од Солун.
Диригираше маестро Најден Тодоров од Бугарија. Како солисти настапија сопранот Ана Дурловски, тенорот Николас Спанос од Грција и баритонот Иво Јорданов од Бугарија. На сцената имаше 200 музичари.


