Српска полиција

Со лажни профили мамеле деца на интернет: уапсени педофили во Србија, меѓу нив и Русин

Српската полиција, во рамки на меѓународната операција „Пајтон“, уапси шест лица осомничени за сексуална експлоатација на деца преку интернет и поседување материјали со детска порнографија. Меѓу уапсените еден е руски државјанин, пренесе српски „Блиц“.

Тие се товарат за кривично дело – прикажување, набавување и поседување порнографски материјал и експлоатација на малолетно лице за порнографија согласно член 185 од Кривичниот законик на Република Србија.

Уапсените подолг временски период преземале, складирале и споделувале содржина создадена со експлоатација на деца за порнографски цели преку интернет. При претресот на становите на сите лица, пронајдени се фотографии и видео снимки, создадени со сексуална експлоатација на деца од 6 до 14 години, со преглед на компјутери и компјутерска опрема.

Битолчани со лажен профил на 14-годишно девојче мамеле мажи, па ги снимале, малтретирале и терале да кажат дека се „педофили“

Осомничените регистрирале лажни профили преку социјалните мрежи и апликации, претставувајќи се како девојчиња на возраст од 11 и 12 години, со цел потоа да стапат во контакт со жртвите и да добијат од нив фотографии и видео материјали со сексуална содржина.

Акцијата била спроведена во продолжение на операцијата „Армагедон“, во координација со Европол, а во неа учествувале припадници на Службата за борба против високотехнолошки криминал во соработка со полициски управи во Белград, Нови Сад, Зрењанин, Ниш, Смедерево и Бор.

ВИДЕО | Операција „Армагедон“ во Србија: полицијата уапси група педофили, споделувале видеа со деца од четири години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот