Градинка „Бамби“ ? Фото: Општина Аеродром

Градинката „Бамби“ во Аеродром добива термофасада, ќе биде попријатно за децата и лете и зиме

Објектот „Бамби“, клон на детската градинка „Срничка“ за првпат добива термофасада, со што значително ќе се подобри енергетската ефикасност на објектот, ќе се намалат трошоците за загревање во зимскиот период и ќе се обезбедат попријатни услови за престој во текот на топлите летни денови.

Како што информираат од Општина Аеродром станува збор за значајна инвестиција што се реализира како донација и која ќе придонесе за помодерен, пофункционален и поекономичен објект, создавајќи подобра средина за престој и развој на децата.

Нашите најмали заслужуваат безбедни, современи и квалитетни услови во кои ќе растат, ќе учат и ќе ги создаваат своите најубави детски спомени. Токму затоа продолжуваме со вложувања кои директно го подобруваат нивното секојдневие, велат од Аеродром.

Оттаму велат дека ќе продолжат да инвестираат во иднината, затоа што секое вложување во децата е вложување во подобра општина за сите.

Видео | Деца во скопски Аеродром превртуваат контејнери, се возат врз нив, ги шутираат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот