Хари Кејн/фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Хари Кејн има автомобили вредни милион евра, но не му е дозволено да ги вози

Капитенот на Англија, Хари Кејн, со години важи за љубител на луксузни автомобили, но по преселбата во Баерн Минхен мораше да направи неочекуван компромис.

Иако во својата гаража поседува автомобили чија вкупна вредност се проценува на повеќе од еден милион евра, англискиот голгетер по доаѓањето во Минхен беше принуден да ги стави во втор план своите омилени британски модели и да се прилагоди на клупските правила.

Меѓу највредните автомобили што ги поседува Кејн е Bentley Continental GT Supersports, редок модел произведен во само 710 примероци. Покрај него, во неговата колекција се наоѓаат и неколку престижни теренци како Range Rover Sport SVR, Range Rover SV Autobiography и Jaguar F-Pace.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Фијаско на Турција, Белгија игра под секое ниво, продолжува бајката на Зеленортски Острови

Сепак, по трансферот од Тотенхем во Баерн во 2023 година, Кејн мораше да ги почитува обврските што произлегуваат од долгогодишното партнерство меѓу баварскиот клуб и Ауди. Тоа значеше дека за клупските активности и јавни настапи треба да користи возило од германскиот производител.

Изборот паднал на Audi Q8 e-tron, електричен SUV кој, иако е помалку ексклузивен од дел од автомобилите во неговата колекција, се покажал како идеално решение за семејните потреби.

ВИДЕО | Нова сензација на Мундијалот: Зеленортски Острови освоија бод и против Уругвај

Напаѓачот објаснил дека по раѓањето на четвртото дете му бил потребен попростран и попрактичен автомобил. Токму затоа големиот електричен теренец на Ауди бил логичен избор, нудејќи комфор, простор и функционалност за секојдневниот живот.

Случајот на Кејн не е исклучок во модерниот фудбал. Голем број европски клубови имаат договори со автомобилски компании, а играчите често се обврзани да користат возила од спонзорските брендови за време на тренинзи, клупски настани и официјални активности.

ВИДЕО | Навивачите на Иран против Белгија ја исвиркуваа сопствената химна

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот