Фото: Screenshot/FB

ВИДЕО | Чупиќ му ги расипа плановите на Лазаревски — одмор нема да има, Вардар ќе игра во Лигата на шампионите

По четиригодишно отсуство, Вардар повторно ќе биде дел од ракометната елита во Европа. Македонскиот шампион доби вајлд-карта од ЕХФ и следната сезона ќе настапува во Лигата на шампионите.

Веста за враќањето меѓу најдобрите европски клубови „црвено-црните“ ја споделија на креативен начин преку своите социјални мрежи.

Во центарот на видеото е пикерот Милан Лазаревски – Мечка, кој во моментите кога ги планира летните одморски денови добива телефонски повик од тренерот Иван Чупиќ. Наместо потврда за одмор, Лазаревски добива порака дека Вардар ќе игра во Лигата на шампионите и дека е време за почеток на подготовките.

Со оваа оригинална најава, вардарци го одбележаа своето враќање во најпрестижното клупско натпреварување, каде повторно ќе ги одмерат силите со европските ракометни гиганти.

Официјално: Вардар се враќа во Лигата на шампионите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот