Фото: FC Bayern Basketball

Шокантен пораз на Димитријевиќ и Баерн: Алба Берлин од „минус 20“ до титулата во Германија

Кошаркарите на Алба денеска ја освоија титулата шампион на Германија на сензационален начин. Клубот од Берлин го победи Баерн Минхен во финалето на „мајсторката“ со резултат 84:81 и ја доби серијата со 3:2.

Ова беше последниот натпревар во големата тренерска кариера на Светислав Пешиќ, познатиот Србин планираше да се збогува со титулата, откако во првото полувреме тоа веќе се „виде“ во витрините на Баерн, кој водеше со 47:27, но второто полувреме донесе вистински „ураган“ од Берлин и пресврт што навистина ретко се гледа на ова ниво.

Алба, кој игра во Лигата на шампионите на ФИБА, го „прегази“ евролигашот во текот на третата и последната четвртина, го надигра на теренот и го спречи да ја освои третата титула по ред.

Во третиот период беше 19:26, а во четвртиот 15:31, имаше и серија од 0:17. На крајот, сè заврши драматично, Алба пропушти неколку шанси лесно да го затвори натпреварот, Обст имаше две тројки за продолжение, но не ги реализираше и прославата на гостите можеше да започне.

Алба до херојскиот триумф го предводеше Американецот Џастин Бин со дабл-дабл учинок од 18 поени и 12 скокови.

На спротивната страна доминираше Андреас Обст со 24 поени, додека македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој забележа шест поени, два скокови и четири асистенции за 22:15 минути игра на паркетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот