Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Георгије Јанкулов: Фокусот е на првото коло од квалификациите за Лигата на шампиони

Георгије Јанкулов кој неодамна доби повик и во репрезентацијата на Македонија зборуваше од Италија каде што Вардар во Норчија се подготвува за новата сезона.

Како што вели Јанкулов подготовките одат во добра насока и фокусот на сите е првото коло од квалификациите за ЛШ во кое Вардар ќе игра со Купс.

„Се наоѓаме во добри подготовки и играме пријателски мечеви, а фокусот е во целост на првото коло на ЛШ. Мислам дека добивме ривал со кој може да се носиме и нијанси ќе го одлучат патникот во следната фаза. Вардар по седум години е во ЛШ, така што тоа е доволен мотив да се покажеме во што е можно подобро светло и да стигнеме што е можно подалеку во Европа. Купс не сум го гледал многу пати, но штом екипата е шампион на земјата, има квалитет. Гледам предност за нив што сезоната им е веќе во тек, но од другата страна може да биде и маана затоа што може да имаат одреден замор, а ние доаѓаме од подготовки и ни следи првиот меч во новата сезона“, смета Јанкулов.

Во овој момент со новиот тренер Фабијани повеќе се работи на физичката спремност.

„Со Фабијани се запознаваме полека, со неговиот систем, исто и тој со нас. Има свои принципи кои сакаме да ги усвоиме и да ги покажеме на терен. Завршната тактика уште не сме ја фатиле, повеќе се фокусираме на кондиција и сила, па ќе ни следат тактичките подготовки. Убаво е чувството кога младите играчи се околу и добиваат шанса во првата екипа. Сите играчи ги прифативме добро, имаат квалитет и заслужено се овде, а нивно е да се борат, да се докажат и да останат со нас во првиот тим и по подготовките“, изјави Јанкулов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот