Фото: EPA/RONALD WITTEK

ВИДЕО | Ламин Јамал го постигна првиот гол на Светското првенство

После првото полувреме шпанската фудбалска репрезентација води со 3:0 против Саудиска Арабија и е пред првата победа на Светското првенство.

Шпанците веќе во 10 минута дојдоа во водство преку моментно една од најталентираните и најголемите ѕвезди на Мундијалот, Ламин Јамал.

Микел Ојарзабал му асистираше на играчот на Барселона кој беше на втората статива и без никакви проблеми ја испрати топката во противничката мрежа.

Јамал, кој веќе стана европски шампион со Шпанија, го постигна својот прв гол во неговата кариера на Мундијалите.

Вториот и третиот погодок беа дело на Ојарзабал во 21 и 24 минута од натпреварот што се игра во Атланта, САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот