Откажани летови во Цирих поради мировните преговори меѓу САД и Иран
Технички проблем во контролата на воздушниот сообраќај, предизвикан од безбедносните мерки воведени поради мировните преговори меѓу САД и Иран во Швајцарија, го наруши воздушниот сообраќај на аеродромот во Цирих, објавија воздухопловните власти, додавајќи дека проблемот оттогаш е решен, но доцнењата се уште траат.
Препорачано
Проблемот се случил над Биргеншток, швајцарското планинско одморалиште каде што се водат преговорите, поради вклучување на зона со ограничен лет во системот за прикажување на радарот, објави швајцарската контрола на воздушниот сообраќај „Скајгајд“(Skyguide).
Одлуката за рестриктивната зоната е донесена во последен момент, со оглед дека и одлуката за одржување на последната рунда преговори не беше донесена до вчера.
Дипломатијата беше засенета од најавата за обновена блокада на Ормускиот теснец.
„Операциите се обновени“, објави „Скајгајд“. „Системите функционираат непречено, а безбедноста е загарантирана во секое време“, се вели во соопштението.
„До пладне, 12 слетувања и 14 полетувања се откажани“, изјави портпаролката на аеродромот за Ројтерс, додавајќи дека најмалку 60 полетувања се одложени.
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска пристигна во Биргеншток на мировни преговори со Иран, како што беше планирано, но дипломатијата беше засенета од најавата на Иран дека повторно воведува блокада на Ормускиот теснец.
Џеј Ди Венс пристигна во Швајцарија — денеска се одржуваат мировните разговори меѓу Иран и Америка
Швајцарија вети „дискретна и сигурна средина“ за разговори во одморалиштето, кое се наоѓа нешто повеќе од 50 километри јужно од аеродромот во Цирих.
Трамп: Ако Иран не ги запре веднаш своите сојузници во Либан, ќе го удриме многу силно


