Фото: Слободен печат / илустрација

Трагедија во Хрватска: 8-годишено дете се удави во реката Драва, спасувачи го пронајдоа неговото тело по четиридневна потрага

По четиридневна потрага по исчезнато осумгодишно дете во Хрватска, денеска е пронајдено неговото тело во реката Драва во Селница Подравска, во општина Леград, пренесуваат хрватските медиуми.

Како што соопшти Полициската управа Копривница-Крижевац, телото на детето е пронајдено денес попладне, околу два километри низводно од местото на исчезнувањето.

Истрагата е во тек

По наредба на Окружното јавно обвинителство во Вараждин, се спроведуваат истражни дејствија.

Полицијата заедно со припадници на Хрватската планинска служба за спасување (ХГСС) и нуркачи го бараа детето на терен, а во потрагата се вклучија и пожарникари и мештаните. Во потрагата помогнаа и сили од соседните окрузи, Вараждин и Меѓимурје.

Градоначалникот на Леград, Иван Саболиќ, изјави дека детето исчезнало во областа на Драва, која е нелегално капалиште. Според неофицијалните информации од порталот „еПодравина“, детето шетало со својот брат кога во еден момент влегло во реката и исчезнало.

Загина спасувач додека ги бараше телата на петтемина Италијанци на Малдивите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот