Парада на гордоста - Скопје - Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Во Битола се одржала контра Парада на гордоста

Во Битола вечерва се одржала контра – Парада на гордоста наречена „Вистинска парада на гордоста“ .

Според Игор Петковски, претставник на организаторот, ова било контра марш на Парада на гордоста што се одржа попладнево во Скопје.

-Маршот „Вистинска парада на гордоста“ се одржува по шести пат, спонтано и е одговор на контра парадата што вечерва се случува во Скопје. Сакаме да ги истакнеме начелата од кои ние сме водени. Тука сме за да ги одбраниме нашите вистини, нашите права, да покажеме зошто треба вистински да сме горди, и ако на нешто треба да бидеме горди, тоа се домот, семејството, родителството и на нашите деца. Самиот Господ Бог вели, женете се, мажете се и наполнете ја земјата со луѓе, тоа и ние го мислиме и го кажуваме на овој настан. Ние не шириме омраза, никого не навредуваме, ниту клеветиме, секој има свое право, а на овој начин ние го кажуваме нашето право на мислење, изјавил за МИА, Петковски.

„Сите нека знаат“ — утре се одржува осмата „Парадата на гордоста“ во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот