ФОТО и ВИДЕО | Со пораки „Ве сакаме такви какви што сте“ почна Парадата на гордоста во Скопје под слоганот „Сите нека знаат“

Со пораки „Ве сакаме такви кави што сте, знамиња и симболи во боите на виножитото и под слоганот „Сите нека знаат“ од Фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк во Скопје започна осмата Парада на гордоста. Организаторите велат дека оваа година слоганот ја истакнува потребата од видливоста, но и сите недостатоци на системот којшто ги наметнува со видливоста.

Парада на гордоста – Скопје – Фото: Слободен печат/Методи Здравев

 

Тие нагласуваат дека овогодинешниот марш има строго протестен карактер, како одговор на зголемениот притисок и обидите за институционално невидливеење на ЛГБТИ+ заедницата.

Парада на гордоста – Скопје – Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Парада на гордоста – Скопје – Фото: Слободен печат/Агнеса Чаволи

Годинава маршот се движи по проширена и исклучително видлива маршрута низ централните градски сообраќајници.

Парада на гордоста – Скопје – Фото: Слободен печат/Агнеса Чаволи

Маршрута на движење – Поворката ќе се движи по булеварот „Илинден“, ќе сврти лево по улицата „Рузвелтова“, па десно по булеварот „Партизански одреди“, продолжува по булеварот ВМРО и по улицата „Димитрие Чуповски“.

Парада на гордоста – Скопје – Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Парада на гордоста – Скопје – Фото: Слободен печат/Методи Здравев
Парада на гордоста – Скопје – Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Крајна точка – Маршот ќе заврши во паркот „Жена-борец“, веднаш наспроти Собранието.

Парада на гордоста – Скопје – Фото: Слободен печат/Методи Здравев

За разлика од претходните години, организаторите решија самиот марш да нема забавен дел со бина и со музичка програма на крајната точка. Настанот е фокусиран исклучиво на гласен протест за клучните барања: итно носење на Законот за матична евиденција (правно признавање на родот), заштита од насилство и крај на говорот на омраза.

Иако самиот марш е строго протестен, прославата и солидарноста на заедницата се префрлаат на официјалната вечерна забава во 21 часот во културниот центар „Лабораториум“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот