Приказна за играчките - Фото: Инстаграмжfactsdailyy

„Приказна за играчките 5“ постави рекорд за 2026 година со заработка од 17,5 милиони долари од претпремиерните проекции

Најновото анимирано продолжение на „Дизни“ и „Пиксар„“, „Приказна за играчките 5“ (Toy Story 5), се подготвува да ги освои кината ширум светот овој викенд, а со тоа и да го оствари едно од најголемите филмски дебија годинава. Дека се очекува невиден блокбастер потврдуваат и првите бројки од продажбата на блетите, филмот заработи неверојатни 17,5 милиони долари само од предпремиерата, пишува „Верајети“.

Ова е убедливо најголемата заработка на претпремиера во 2026 година, која го надмина е биографскиот филм за Мајкл Џексон – „Michael“, кој заработи 12,6 милиони долари. Воедно, ова е втор најдобар резултат во историјата на анимираните филмови, веднаш зад „Неверојатните 2“ (Incredibles 2) од 2018 година.

Првичните процени на аналитичарите и критичарите велат дека филмот, само викендов во САД, ќе инкасира помеѓу 145 и 150 милиони долари. На меѓународно ниво се очекуваат дополнителни 135 милиони, што значи дека „Приказна за играчките 5“ уште на самиот старт глобално ќе ја надмине границата од 275 милиони долари.

Иако буџетот за продукција беше 250 милиони долари, филмот без проблем експресно ќе стане суперпрофитабилен за Дизни.

Технологијата е новиот негативец – се враќаат Хенкс и Ален

Во овој петти дел, Баз, Вуди, Џеси и остатокот од екипата се соочуваат со најмодерниот непријател на денешницата, технологијата. Нивниот свет на игра целосно ќе се промени кога во домот ќе пристигне паметниот таблет „Лилипед“, кој ќе им го одземе вниманието на децата.

Гласовите на култните ликови повторно ги позајмуваат холивудските легенди Том Хенкс, Тим Ален и Џоан Кјузак, а во екипата како нови засилувања се приклучуваат и Конан О’Брајан и Грета Ли.

За потсетување, претходниот дел од франшизата во 2019 година заработи повеќе од милијарда долари на кино-благајните, а пак самата франшиза носи дополнителна милијарда долари годишно само од продажба на играчки, гејминг и бренд-производи.

„Приказна за играчките 5“ го прикажува „ужасот“ од зависноста на децата од екраните и од технологијата, вели актерот Том Хенкс

ФОТО | Започна судењето на терористот кој планирал да активира бомба на концерт на Тејлор Свифт во Виена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот