Фото: Profimedia/Филмскиот фестивал во Пезаро

Манчевски доби престижна награда во Италија, „Прашина“ одбележува 25 години во Пезаро

Режисерот Милчо Манчевски ја доби престижната награда „Пезаро Нова кинематографија 62 за достигнувања во светската кинематографија“ на Филмскиот фестивал во Пезаро, Италија, каде што годинава е почесен гостин.

Во рамки на фестивалот, кој се одржува од 13 до 20 јуни и важи за втор најстар и еден од најугледните филмски фестивали во Италија, на Манчевски му е посветена специјална програма по повод 25 години од неговиот филм „Прашина“. Централно место во омажот има проекцијата на дигитално реставрирана 4К верзија на филмот, кој во 2001 година го отвори Венецијанскиот филмски фестивал.

Во Пезаро ќе биде прикажана и италијанската премиера на „Бикини Мун“, неговото наградувано остварување снимено во Њујорк, а режисерот ќе одржи и мастерклас посветен на својот креативен процес и современиот авторски филм.

Дополнително, ќе биде промовирана и новата книга „Манчевски: фикција и нефикција“, која нуди сеопфатен увид во неговото филмско, фотографско и уметничко творештво. Изданието содржи критички анализи, интервјуа, биографија и делови од книжевниот опус на авторот, а предговорот го напиша долгогодишниот директор на Венецијанскиот филмски фестивал, Алберто Барбера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот