Фото: Промо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Несоница – кога сонот не е доволен за одмор

Несоницата е едно од најчестите нарушувања на спиењето и се карактеризира со тешкотии при заспивање, чести будења во текот на ноќта, рано утринско будење или чувство на ненаспаност и покрај доволното време поминато во кревет.

Повремените проблеми со спиењето се нормален дел од животот, особено во периоди на стрес и зголемени обврски.

Меѓутоа, кога несоницата трае подолг период и почнува да влијае врз концентрацијата, работната способност, расположението и секојдневното функционирање, потребно е да се побара стручна помош.

Кои се можните причини за несоница?

Несоницата може да биде последица на различни телесни и психички состојби.

Телесни причини:

• хронична болка
• заболувања на срцето и на белите дробови
• нарушувања на тироидната жлезда
• шеќерна болест и други ендокрини заболувања
• гастроезофагеален рефлукс
• невролошки заболувања (како Паркинсонова болест, мултиплекс склероза или последици од мозочен удар)
• хормонални промени (како менопауза и сл.)
• употреба на одредени лекови, кофеин и други стимуланси

Психички причини:

• стрес и преоптовареност со обврски
• анксиозност и постојана загриженост
• депресија
• емоционални кризи и животни промени
• трауматски искуства
• други психијатриски состојби

Важно е да се знае дека несоницата не е само симптом, туку може да стане и самостоен здравствен проблем што значително го нарушува квалитетот на животот, психичкото здравје и физичката благосостојба.

Индивидуален пристап во третманот

Бидејќи причините за несоница се различни кај секој човек, потребна е внимателна процена и индивидуален пристап во третманот. Психијатрискиот преглед овозможува препознавање на факторите што придонесуваат за нарушувањето на спиењето и изработка на план за лекување приспособен на потребите на секој пациент.

Доколку подолг период се соочувате со тешкотии при спиењето, не занемарувајте го овој проблем. Квалитетниот сон е основа за добро ментално и физичко здравје.

Квалитетниот сон не е луксуз, туку основа за добро ментално и физичко здравје.

Закажете психијатриски преглед во Клиника „Жан Митрев“ и добијте стручна проценка, поддршка и индивидуален пристап во третманот на несоницата. За информации и закажување јавете се на тел. 02/3091 484

М-р д-р Марија Костадиновска
Психијатар, психотерапевт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот