ДОкторка прегледува пациентка/Фото: Thirdman / Pexels

Три работи за кои никогаш не треба да го лажете вашиот лекар

Кога одите на преглед кај матичниот лекар, веројатно не секогаш му ја кажувате целата вистина. Според една голема студија, помеѓу 60 и 80 отсто од возрасните во САД пријавиле дека сокриле барем една релевантна медицинска информација од лекарот, пишува „ЈахуХелт“.

Многу пациенти не се чувствуваат удобно да разговараат со лекарот за своите навики, особено кога станува збор за чувствителни теми како што се алкохолот, пушењето или земањето лекови. Но, докторот и истражувач д-р Роналд Епштајн предупредува дека премолчувањето важни информации може да има сериозни здравствени последици.

Тој смета дека отворените разговори помеѓу лекарите и пациентите се заедничка одговорност и дека искреноста игра клучна улога во квалитетната здравствена заштита. Доктор Епштајн особено истакнува три прашања на кои пациентите секогаш треба искрено да одговорат.

Според д-р Епштајн, лекарите треба да имаат точни информации за:

– лекови на рецепт што ги зема пациентот
– дали ги зема лековите според упатствата на лекарот
– употребата на други супстанции, вклучувајќи алкохол, тутун и дрога, како и колку често и во колкави количини/дози.

Првото важно прашање се однесува на лековите што лицето во моментот ги користи. Лекарите мора да знаат кои лекови ги зема пациентот за да можат да ги проценат можните несакани ефекти, интеракции и ризици поврзани со лекувањето.

Подеднакво е важно искрено да се каже за тоа дали лековите ги земаат како што е пропишано. Доктор Епштајн предупредува дека пропуштањето на дозите или неправилното земање терапија може да има сериозни последици.

„Ако станува збор за таблети кај кои пропуштањето на дозата може да предизвика сериозни последици, тогаш може да биде прашање на живот и смрт“, истакнал докторот.

Третата тема се однесува на алкохолот, тутунот и другите супстанции. Докторот нагласува дека е важно да се каже не само дали личноста ги користи, туку и колку често.

„Мислам дека клучното прашање што пациентите и нивните семејства треба да си го постават е: дали премолчувањето на овие информации би го загрозило или подобрило здравјето на таа личност?“, напоменува д-р Епштајн.

Тој додава дека лекарите треба да создадат средина каде што пациентите се чувствуваат доволно сигурно за искрено да зборуваат за своите навики.

Експерти посочуваат — утринска навика број 1 за намалување на шеќерот во крвта

Овие шест витамини и минерали никогаш не треба да ги земате со кафе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот