Сцена од „Приказна за играчките 5“ / Фото: Скриншот/Јутјуб

ФОТО+ВИДЕО | „Приказна за играчките 5“ ќе донесе емотивна пресвртница: Дали има место за играчките во светот на технологијата?

Омилената анимирана дружина „Приказна за играчките“ (Toy Story) повторно се враќа на големото платно. Петтиот дел од култната франшиза ќе има премиера во кината на 19 јуни 2026 година и ќе ја продолжи приказната по емотивниот крај од претходниот филм.

Во новото продолжение, Вуди, Баз Лајтјар, Џеси и останатите играчки се соочуваат со реалноста дека Бони расте. Наместо класичните игри, нејзиното внимание сè повеќе го привлекуваат таблети, видеоигри и современи гаџети. Тоа кај играчките отвора прашање, дали сè уште има место за нив во нејзиниот свет?

Постерот за „Приказна за играчките 5“ / Фото: Фејсбук/„Пиксар“

Филмот ветува препознатлива комбинација од хумор, авантура и силни емоции, но и актуелна тема која сигурно ќе допре и до родителите, како традиционалната игра и детската имагинација се менуваат во дигиталната ера. Низ нови предизвици и неочекувани ситуации, дружината повторно ќе мора да се потпре на лојалноста и пријателството за да остане обединета.

Зад проектот повторно стојат „Пиксар“ и „Волт Дизни пикрчс“, што ги зголемува очекувањата кај публиката ширум светот. Претходниот дел, „Приказна за играчките 4“ (Toy Story 4), освои Оскар за најдобар анимиран филм и заработи повеќе од милијарда долари глобално.

Со носталгијата што ја носат легендарните ликови и со современата приказна што ја отвора, новото продолжение веќе се најавува како еден од најочекуваните семејни филмови во 2026 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот