Зад звукот на „Одисеја“ — композиторот на филмот користел антички грчки инструменти, старо железо и гонгови
Композиторот Лудвиг Герансон повторно соработуваше со Кристофер Нолан за музиката за новиот филм „Одисеја“ (The Odyssey), а оваа соработка е нивна трета, по „Тенет“ (Tenet) и „Опенхајмер“ (Oppenheimer).
Препорачано
Пред неколку месеци, во работата на Герансон на „Војна на ѕвездите: Мандалоријанецот и Грогу“ (Star Wars: The Mandalorian and Grogu), тој главно употребува синтисајзери и оркестрации базирани на гитара, што беше соодветно за тој проект.
Сепак, за „Одисеја“, Герансон се осмелува да навлезе во нова територија и да тргне во една сосема нова насока, објави „Верајити“.
Кога започнале со соработката за овој проект, Нолан му наложил на Герансон да не користи оркестар во создавањето на музиката за филмот. Герансон претходно изјави за списанието „Тајм“: „Не ни постоел оркестар тогаш… Тоа беше предизвик, а воедно и можност да се обидеме да направиме нешто уникатно“.
— Сакавме филмот да им се чини на луѓето како некој препознатлив свет, иако ќе биде античка Грција. Не сакаме да изгледа и да се чувствува како претходните филмови што се занимаваат со ваков класичен свет. Што можеме да направиме што е побезвременско од тоа? — рекол Нолан во придружна снимка за филмот.
Така Герансон започнал со работа на нов, интересен начин. Бидејќи филмот се одвива во бронзеното доба, Нолан му предложи на Герансон да користи бронза како тематски елемент. Герансон изнајми 35 бронзени гонгови со различни големини и експериментирал со нив, „удирајќи по ѕидови, удирајќи по огради, удирајќи по сè што можете да најдете надвор, како старо железо или клима уреди“.
Тој исто така користел лира и аул, инструменти карактеристични за периодот на филмот. Музиката содржи и вокали, за кои Герансон изјавил дека „додаваат поемоционално темпо на музиката“.
Оригиналната песна „Кога сум дома“ (When I’m Home), напишана од Џејмс Блејк, Травис Скот, Герансон и Нолан, е, исто така, дел од саундтракот на филмот.
Мет Дејмон морал да ослабе за улогата во „Одисеја“, еве што отстранил од исхраната


