Сцена од документарниот филм „Приказната за Силјан“

Македонскиот документарец „Приказната за Силјан“ со две номинации за наградите Еми

Македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, доби две номинации за престижните телевизиски награди Еми, продолжувајќи го успешниот меѓународен пат на остварувањето што минатата година ја имаше својата светска премиера на Венецијанскиот филмски фестивал.

Филмот е номиниран во категоријата „Извонредна кинематографија за документарна програма“, каде што за директор на фотографија е номиниран Жан Дакар.

„Приказната за Силјан“ е номиниран и во категоријата „Исклучителни достигнувања во документарното филмско творештво“, во која се номинирани продуцентите Тамара Котевска, Жан Дакар и Ана Хашми, заедно со извршните продуценти Дејвис Гугенхајм, Кејси Мојер, Керолин Бернстин и Тим Хорсбург.

„Приказната за Силјан“ е македонски документарен филм од 2025 година, кој ја следи приказната за земјоделецот Никола. Откако спасува повреден бел штрк, кого го нарекува Силјан, меѓу човекот и птицата се создава необична и длабока врска, додека филмот истовремено ги обработува темите за осаменоста, миграцијата и односот на човекот со природата.

Документарецот ја имаше светската премиера надвор од конкуренција на 82. Венецијански филмски фестивал, а потоа беше прикажан и на Филмскиот фестивал во Торонто. Во Македонија премиерно беше прикажан на почетокот на 2026 година.

Да потсетиме, наградите Еми ќе бидат доделени на 14 септември годинава.

Објавени се номинациите за наградите „Еми“, доминира серијата „Пит“ со дури 25

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот