Трајко Бојковски/ фото „Слободен печат“ Мирослава Симоновска

Адвокатот на Трајко Бојковски крена раце од него затоа што не ја прифатил неговата сугестија да признае вина за четири убиства на жени во Кумановско

Адвокатот Драган Трајковиќ кој му беше бранител на обвинетиот за серија убиства во Кумановско, Трајко Бојковски, го откажа полномошното, затоа што Бојковски не го послушал и не признал вина за четири убиства на повозрасни жени и за две убиства во обид.

-Со оглед дека обвинетиот не го прифати мојот совет, како бранител го откажувам моето полномошно согласно член 76 став 7 од Законот за кривична постапка и согласно истиот член став 5 предлагам на судот да му биде определен бранител по службена должност со цел заштита на неговите права и иинтереси – рече Трајковиќ.

Следното рочиште е закажано за 31 август во 11 часот во Основен суд Куманово.

Некрофилијата е доминантен мотив на Трајко Бојковски, тврди обвинителот – тој не признава вина иако неговиот адвокат најави дека ќе признае

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот