Трајко Бојковски/ фото „Слободен печат“ Мирослава Симоновска

ВИДЕО | Обвинетиот за сериските убиства од Старо Нагоричане спроведен во судница

Трајко Бојковски (25) обвинет дека извршил серија убиства во Кумановскиот Регион врз повозрасни немоќни жени со цел да ги ограби и да ги задоволува своите полови страсти врз мртви тела, предмалку е спроведен во Основниот суд Куманово каде денеска почнува судењето против него. Тој е обвинет за четири убиства и два обиди за убиство и му се заканува казна затвор од 10 години или доживотен затвор.

Обвинителството пред три недели поднесе обвинителен акт со кој го товари 25-годишниот Бојковски за четири убиства и два обиди за убиство на повозрасни жени од регионот.

Бидејќи е обвинет дека со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

Согласно извршените вештачења во текот на истрагата делата ги вршел од други ниски побуди, односно со намера да ги задоволува своите полови страсти спрема мртви женски тела.

ВИДЕО | „Слободен печат“ по трагите на серискиот убиец од Кумановско – Мештаните се прашуваат: „Можел ли сам да го смисли планот или имал учител?“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот