Фото: Монтажа / Икс

ВИДЕО | Украински војници „насила регрутирале маж“ во Лавов — толпа ги нападна, им го преврте возилото

Тепачка меѓу цивили и службеници на територијалниот центар за регрутација (ТРЦ) вчера избила во Лавов за време на патрола за известување за мобилизација, при што било превртено возило, објави „Њу војс оф Украина“.

Портпаролката на полицијата во Лавовската област, Алина Подрејко, изјавила дека, според првичните информации, службениците на ТРЦ идентификувале маж роден во 1996 година, кој бил баран поради избегнување воен рок, по што при неговото приведување дошло до конфликт.


Лавовскиот регионален територијален центар за регрутација соопштил дека мажот бил запрен за проверка на идентитетот околу 21:30 часот на улицата „Червона Калина“.

Откако било утврдено дека е баран, тој бил придружуван до ТРЦ за да помине воен медицински преглед.

„Во исто време, друга екипа за известување за мобилизација остана на местото, каде што била блокирана од група непознати луѓе. Групата го опкружила службеното возило на припадниците, се однесувала агресивно, значително го оштетила и на крајот го превртела“, соопштил ТРЦ.

Гувернерот на Лавовската област, Максим Козицки, изјавил дека по инцидентот бил одржан состанок со претставници на безбедносните служби.

„Сите оние кои извршиле прекршоци, вклучително и попречување на работата на воениот персонал, мора да бидат идентификувани и да одговараат“, напишал тој.

Козицки додал дека Лавовскиот регионален ТРЦ ќе спроведе официјална внатрешна истрага за законитоста на постапките на воениот персонал при известувањето на бараниот маж роден во 1996 година.

Очевидци за локалните медиуми изјавиле дека мажот бил „тепан, внесен во возилото, а потоа избегал“, што предизвикало револт кај локалните жители, кои потоа го блокирале патот барајќи тој да биде вратен.

Извештаи покажуваат масовно дезертирање во украинската армија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот