Доналд Трамп, претседател на САД /Фото: INSTAR Images / Profimedia

Трамп ја отстранува Сирија од листата на „спонзори на тероризмот“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го информирал својот сириски колега Ахмед ал-Шара дека одлучил да ја отстрани Сирија од американската листа на држави означени како „спонзори на тероризмот“, објави „Ројтерс“.

„Ветив дека ќе ги отстранам сите пречки што ве спречуваат да ја обновите вашата земја и многу наскоро конечно ќе можете да го направите тоа. Имаме американски компании подготвени да инвестираат во Сирија и да помогнат вашата земја да стане поголема и попросперитетна од кога било досега“, напишал Трамп во писмо до Ал-Шара, во кое увид имала агенцијата „Ројтерс“.

Според висок претставник на американската администрација, писмото му било врачено на Ал-Шара по средбата со Трамп во Анкара.

Трамп изјавил дека веќе го известил Конгресот, кој сега ќе спроведе 45-дневна ревизија пред одлуката официјално да стапи во сила.

Статусот на „држава спонзор на тероризмот“ носи ограничувања за американската странска помош, извозот на одбранбена опрема и одредени финансиски трансакции.

Гувернерот на Централната банка на Сирија, Сафват Раслан, оцени дека одлуката на САД ќе отвори пошироки можности за инвестиции, економско закрепнување и за повторно интегрирање на Сирија во глобалната економија.

Деценија по поразот, Ал-Каеда повторно на повидок

Минатата година Трамп потпиша извршна наредба со која беше укината американската програма за санкции кон Сирија, што овозможи земјата постепено да излезе од изолацијата во меѓународниот финансиски систем.

Неколку компании од Саудиска Арабија планираат инвестиции вредни милијарди долари како дел од напорите на Ријад да го поддржи закрепнувањето на Сирија, додека и други земји од Заливот најавија финансиска помош.

Трамп го пофали Ал-Шара, кој некогаш бил командант на сирискиот огранок на Ал каеда – Нусра фронт, пред да ги прекине врските со групата во 2016 година.

Подоцна, кон крајот на 2024 година, тој предводеше коалиција на исламистички бунтовнички фракции која го собори режимот на Башар ал-Асад.

Американскиот претседател ги поздрави и активностите на Ал-Шара против милитантната група Исламска држава во регионот.

„Го почитуваат сите, вклучително и јас“, изјави Трамп.

Сирија започна операција против Исламска држава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот