ВИДЕО | Крвав инцидент во училиште во Германија: две девојчиња се повредени, уапсен е вооружен тинејџер
Две 13-годишни девојчиња се тешко повредени, а 16-годишен тинејџер е уапсен по крвав инцидент во училиште во Горна Баварија, Германија, пренесува Би-би-си.
Препорачано
Полицијата соопшти дека во тек е голема акција во областа околу средното училиште „Велфен-гимназиум“ во малиот град Шонгау, кој има 12.000 жители и се наоѓа југоисточно од Минхен.
Осомничениот кај себе имал нож, како и огнено оружје, соопшти полицијата, додавајќи дека веруваат оти дејствувал сам.
Ниту едно од девојчињата не е во животна опасност, но бројот на други ученици вклучени во инцидентот и сериозноста на нивните повреди дополнително се утврдуваат, додаде полицијата.
Laut NIUS-Informationen sprechen Rettungskräfte intern von einem „Amoklauf“. Auch gegenüber dem Bayerischen Rundfunk bestätigte ein Polizeisprecher, dass es Hinweise auf einen Amoklauf gebe. Eine Polizeisprecherin sagte der Bild: „Wir können einen Amok-Verdacht nicht… https://t.co/QClCQerIi7 pic.twitter.com/Pxd5qEgC5O
— NIUS (@niusde_) July 8, 2026
Портпаролка на полицијата претходно за новинската агенција АФП изјавила дека не е јасно кое оружје било употребено во нападот и одбила да ги потврди наводите дека станува збор за напад со нож.
Идентитетот на осомничениот не е познат, а не е јасно ниту дали тој имал поврзаност со училиштето.
Министерот за внатрешни работи на Баварија, Јоахим Херман, за германскиот јавен сервис „Баеришер Рундфунк“ (BR) изјавил дека верува оти двете девојчиња биле избодени. Ова до попладневните часови не беше потврдено од полицијата.
Херман додал дека осомничениот претходно добивал психијатриска помош и дека постојат непотврдени информации дека станува збор за поранешен ученик на училиштето.
Во противпожарна станица во градот е отворен пункт за контакт со роднините и родителите на учениците.
Според информациите на веб-страницата на училиштето, тоа било основано во 1887 година и првично било речиси исклучиво женско училиште. Во последните 40 години е мешано училиште.


