Чешкиот премиер Андреј Бабиш/ Фото EPA-EFE/SZILARD KOSZTICSAK

Чешка нема да издвои пари за вооружување на Украина, вели Бабиш

Чешка нема да учествува во пакетот воена помош за Украина во вредност од 70 милијарди евра, за кој земјите членки на НАТО постигнаа договор на самитот во Анкара, изјави чешкиот премиер Андреј Бабиш, пренесува Ројтерс.

„Разбираме дека секоја земја сама ќе донесе одлука за ова. Ние нема да учествуваме во тој износ“, рече тој.

Бабиш истакна дека е важно фокусот пред сè да биде ставен на развој на европски решенија и заеднички проекти за одбрана од балистички ракети, во светло на конфликтите во Украина и Иран.

Земјите-членки на НАТО се состанаа во Турција на самитот, за кој генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека создал силно чувство на единство.

Чешка заостанува во исполнувањето на обврските за издвојување средства за одбраната, бидејќи минатата година не ја исполни целта на НАТО за трошење 2 отсто од бруто-домашниот производ.

Бабиш изјави дека земјата најверојатно нема да ја достигне таа цел оваа година, но има намера да ја исполни следната година.

Владата на Бабиш дојде на власт во декември и вети дека ќе ја прекине воената поддршка за Украина, вклучително и дека нема да учествува во чешката иницијатива за снабдување на Киев со муниција.

Таа, исто така, се откажа од учество во гаранциите за заемот на Европската Унија во вредност од 90 милијарди евра за Киев.

Руте во обид да го зачува единството на НАТО: Трамп освен средства за одбрана бара и политичка лојалност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот