ФОТО | Легендарниот Ентони Хопкинс и на 88 години не пропушта светско првенство, откри и за кого навива
Холивудската легенда Ентони Хопкинс објави фотографија со која ја прослави победата на Англија над Мексико со 3:2 на Светското првенство.
Препорачано
На фотографијата, 88-годишниот актер позира прегрнат со сопругата Стела Аројаве, која носи зелена маица и капа со обележја на Мексико.
„Сите сме победници… Светско првенство 2026“, напиша Хопкинс покрај објавата.

Фотографијата предизвика бројни реакции кај неговите следбеници, кои забележаа дека актерот навива за Англија, иако е роден во Велс.
„Што правиш? Па ти си Велшанец“, „Мислев дека си горд Велшанец“ и „Драг мој, ти си Велшанец“, гласеа дел од коментарите.
Хопкинс е роден во Маргам, во јужен Велс, но со години живее во Калифорнија. Се претпоставува дека овојпат ја поддржал Англија бидејќи Велс не успеа да се пласира на Светското првенство.
Иако поради нејзината облека многумина помислија дека навива за својата земја, сопругата на актерот не е Мексиканка. Стела Аројаве е родена во Колумбија, но одлучила да го поддржи Мексико, една од земјите-домаќини на годинашниот Мундијал.
Не трошете време залудно – цитатот на Ентони Хопкинс ќе ви заштеди многу енергија


