Во среда со часови ќе нема струја во делови од повеќе населби во Скопје
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (8 јули) без струја привремено ќе останат повеќе населби и улици во Скопје, соопштија надлежните.
Препорачано
Според најавата, прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има на следните локации:
Горно Соње – дел од улица 8 (месност „Коштан“), од 08:30 до 15:00 часот;
Шуто Оризари – дел од улицата „Македонска Косовска Бригада“ кај сервис „Бутел“, од 09:00 до 11:00 часот;
Сопиште – дел од улица 4 (месност „Ветрила“), од 09:00 до 12:00 часот;
Лисиче – дел од улицата „Тодор Чангов“, од 09:00 до 14:00 часот;
Лисиче – дел од улицата „Тодор Чангов“ бр. 21, од 09:00 до 14:00 часот;
Карпош – делови од улиците „Хашка“, „Будимпештанска“ и „Душко Бојковски“, од 09:00 до 14:00 часот;
Ѓорче Петров – делови од улиците „Црногорска“, „Александар Македонски“, „Борис Сарафов“, „Смилевска“, како и месната заедница и бензинската пумпа во тој реон, од 09:30 до 14:30 часот;
Волково – дел од селото, улица 95 и околните улици, од 12:00 до 14:00 часот.
Од надлежните апелираат граѓаните и компаниите навреме да ги планираат своите активности и да ги земат предвид најавените прекини во снабдувањето со електрична енергија.


