Вработените во Германија веќе нема да можат да се јават по телефон дека се болни
Работниците во Германија наскоро повеќе нема да можат да земаат боледување без лекарско уверение уште на првиот ден од отсуството од работа, објавија светските медиуми.
Препорачано
Реформата е дел од пакет мерки презентирани од германскиот канцелар Фридрих Мерц, чија цел е да се намали, како што рече, „екстремно големиот“ број денови што вработените ги поминуваат на боледување.
Досега, вработените можеа да отсуствуваат од работа до три дена без лекарско уверение, иако работодавачите имаа право да побараат сертификат порано.
Новата одлука предизвика бројни критики од лекарите и експертите за пазарот на трудот, кои предупредуваат дека тоа ќе доведе до големи толпи во здравствените центри и клиниките, но и ќе ги принуди навистина болните луѓе да одат на лекар првиот ден од болеста.
За време на пандемијата на коронавирусот во Германија, беше воведена можноста за добивање потврда за боледување преку телефон со цел да се намали ширењето на инфекцијата. Во 2023 година, тогашниот министер за здравство ја направи таа практика трајна.
Ова значеше дека вработените можеа да се јават кај својот лекар по избор по телефон, да ги опишат своите симптоми и да добијат потврда за боледување што електронски му беше доставена на работодавачот.
Оваа можност ја воведе претходната германска влада.
Според претходните правила, потврдата беше задолжителна само по три дена отсуство од работа.
Сега ќе биде укината. Вработените ќе мора лично да одат кај лекар првиот ден од боледувањето за да добијат потврда.
Според новиот извештај на истражувачкиот институт IGES од Берлин, кој беше нарачан од една од најголемите германски компании за здравствено осигурување, DAK Gesundheit, просечниот вработен во Германија во 2025 година бил на боледување 19,5 дена.
Во исто време, имаше зголемување од 6,9 проценти на отсуствата поради проблеми со менталното здравје.
Зголемувањето на бројот на регистрирани денови за боледување беше под влијание и на новиот електронски систем за пријавување на денови за боледување, познат како eAU, кој беше целосно имплементиран во 2023 година.
Лекарите сега испраќаат потврди директно до здравственото осигурување, додека работодавците ги добиваат електронски, што овозможува попрецизно евидентирање на отсуствата.
Институтот IGES верува дека благодарение на новиот систем, сега се регистрирани многу краткорочни денови за боледување кои претходно не беа вклучени во официјалната статистика.
Германија го менува пензискиот систем, промените ќе ги почувствуваат и работниците од Балканот


