Фото: Инстаграм/Вил Тенсон

ВИДЕО | Бодибилдер опреми вежбалница со реквизити од „Тему“ — потрошил 1.460 евра, а резултатот бил изненадувачки

Професионалниот бодибилдер и фитнес-креатор Вил Тенисон реши да провери дали е можно да се опреми функционална домашна вежбалница користејќи производи од „Тему“, една од најпопуларните онлајн-платформи за евтино купување.

Во видео објавено на Јутјуб, Тенисон си поставил буџет од 2.000 американски долари (околу 1.720 евра), со цел во својот подрум да изгради простор за вежбање без да потроши богатство.

„Не сакам да ја надминам таа сума. Мислам дека тоа е сосема реално ако купувате од ‘Тему’“, рекол тој.

На крајот нарачал осум различни фитнес-справи, за кои платил 1.696 долари (околу 1.460 евра). Пред да пристигне пратката признал дека ќе биде задоволен ако барем пет производи навистина стигнат, а вистински успех би било ако две од справите се покажат како квалитетни и употребливи.

Кога ги отворил пакетите, бил пријатно изненаден од нивната големина и тежина, бидејќи претходно се пошегувал дека можеби по грешка нарачал минијатурни верзии.

Најголемиот предизвик, сепак, било склопувањето. Упатствата ги споредил со хиероглифи и докторска дисертација по квантна физика, па морал да повика пријатели за да му помогнат околу составувањето на држачот за чучњеви, справата за потисок на гради и останатата опрема.

За главниот држач за чучњеви, кој го нарекол „крунскиот скапоцен камен“ на својата теретана, биле потребни неколку часа работа.

Иако конечниот изглед го воодушевил, при тестирањето забележал и низа недостатоци – нестабилни делови, чудни звуци и конструкции што не влевале целосна доверба.

На крајот, својата домашна теретана ја оценил со 6,5 од 10, оценувајќи дека проектот бил успешен ако се земе предвид ниската цена.

За дополнително, независно мислење го поканил Купер Мичел, основач на порталот „Гараж џим ривјус“, кој по деталниот преглед предупредил дека дел од опремата може да биде потенцијално опасна поради конструкциските недостатоци.

Иако признал дека вежбалницата изгледа подобро отколку што очекувал, Мичел ѝ дал конечна оценка 5,5 од 10.

Интервју со Дејан Јанкоски, личен тренер: Пред да почнете да вежбате, најпрво запознајте го своето тело

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот