Кученце посвоено од глутница волци / Фото: Принтскрин / Фејсбук

ВИДЕО | Глутница волци посвоија кученце во Грција – го однесоа да пие вода, му понудија храна

Глутница волци во северна Грција посвоија четиримесечно бело кученце, кое живее хармонично со нив во последните три недели.

Според истражувачкиот тим „Златен чакал канис ауреус и волк канис лупус – во Грција“, волчицата го одвела „нетрпеливото“ кученце до место со вода, додека малку подоцна, мажјакот од глутницата му понудил две коски од мртво теле, со намера да го нахрани, пренесуваат грчките медиуми.

Овој специфичен настан предизвика голем интерес кај истражувачкиот тим, кој внимателно ги следи сите најнови случувања околу прашањето за посвојувањето на кученцето од страна на волчјата глутница.

Теодорос Коминос, кој докторирал по зоологија на Одделот за биологија на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, вели дека кученцето „има околу четири месеци“ и се чини дека „се забавува одлично“ со своето ново семејство, глутницата волци. Коминос веќе три недели го следи и ја снима коегзистенцијата на глутницата волци со малото кученце.

– Бидејќи има многумина кои се загрижени за судбината на белото кученце кое веќе неколку дена се движи со оваа глутница волци, би сакале да ги информираме дека засега се чини дека се справува добро и, барем засега, не покажува желба да ги напушти своите нови придружници – стои во објавата на истражувачкиот тим на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот