ВИДЕО+ФОТО | Биковите повредија петмина тркачи во Памплона
Петмина тркачи се повредени за време на првото трчање со биковите на овогодинешниот фестивал Сан Фермин во северниот шпански град Памплона, но никој не претрпе повреди опасни по живот, јави РТВЕ Тројца од учесниците во славниот, но контроверзен настан завршиле во болница.
Препорачано

Фестивалот во чест на светецот-заштитник на градот, Свети Фермин, започна во понеделникот и завршува следниот вторник. Секое утро, шест борбени бикови, некои со тежина од повеќе од 600 килограми, предводени од неколку питоми волови, се водат низ тесните улички на стариот град до арената за борби со бикови во доцните попладневни часови.
Секоја година, десетици тркачи, претежно млади мажи, се повредуваат додека ја тестираат својата храброст на патеката долга 825 метри. Од 1924 година до сега имало 16 смртни случаи, последниот во 2009 година.

Оваа година, како и во претходните години, групите за права на животните протестираа против традиционалниот настан, кој се одржува од 1591 година и станува сè поконтроверзен во Шпанија. Активистите за права на животните со години се спротивставуваат на трчањето со бикови, опишувајќи го како „средновековна тортура“.
И покрај ова, фестивалот продолжува да привлекува илјадници посетители од целиот свет, особено од Европа, Австралија, Азија и САД.
ВИДЕО: Паника на корида во Босна – бикови влетаа во публиката


