Фото: Монтажа/Икс

ВИДЕО | Страшни бури во Кина предизвикаа торнада и свлечишта, загинаа 15 луѓе

Разорно невреме со поплави и свлечишта синоќа ја погоди Кина, при што загинаа најмалку 15 луѓе, а неколкумина сè уште се водат за исчезнати, објави „Гардијан“.

Грмотевици и ветрови со ураганска јачина усмртија најмалку 11 луѓе и повредија 331 човек во централната провинција Хубеи, каде што силно невреме ги погоди градовите. Во други делови од земјата биле регистрирани и торнада.

Околу 4.800 куќи биле оштетени, а уште 22 целосно се урнале.

Во јужниот регион Гуангси, обилните врнежи и силните поплави предизвикани од тајфунот Мајсак усмртија најмалку четири луѓе. Евакуирани биле најмалку 50.000 жители, а осум луѓе сè уште се водат за исчезнати.

Властите во Нанинг, главниот град на Гуангси, го подигнаа степенот на тревога за одбрана од поплави на највисоко ниво, откако поројните дождови предизвикале пробивање на брани.

Драматични снимки прикажуваат надојдена каллива вода како се движи покрај урнатите бетонски ѕидови на брана на резервоар, која попуштила.

Кинескиот лидер Си Џинпинг утрово изјави дека спасувачите треба „да вложат максимални напори“ во организирањето итни акции.

Во одделен инцидент, свлечиште во едно село во северозападната провинција Гансу затрупало 33 луѓе. Седумнаесет од нив биле „успешно спасени“, објавија кинески медиуми, без да наведат што го предизвикало свлечиштето.

Локалните власти „прават големи напори“ да ги пронајдат луѓето што сè уште се заробени, „соодветно да ги преселат и згрижат погодените жители и строго да спречат секундарни катастрофи“, се додава во соопштението.

Природните катастрофи се чести низ Кина, особено во летниот период, кога некои региони се соочуваат со интензивни врнежи, додека други се погодени од екстремни горештини.

Научниците предупредуваат дека зачестеноста на екстремните временски појави во светот ќе се зголемуваат со продолжувањето на глобалното затоплување.

ВИДЕО | Деветмина загинаа и 11 луѓе се исчезнати во поплавите во Кина

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот