Фото: Монтажа / Икс

Жената осомничена за бомбашкиот напад врз украинскиот бизнисмен во Монако е пронајдена мртва кај Киев

Tело на жена е пронајдено во близина на Киев, за кое постои сомневање дека е на осомничената за обидот за атентат врз украинскиот бизнисмен Вадим Јермолаев во Монако, објави „Украинска правда“.

Според украинските медиуми, телото е пронајдено синоќа, а според неофицијални информации, починатото лице е застрелано.

На 3 јули, Интерпол издаде црвена потерница по Анастасија Березовски, 39-годишна државјанка на Украина, која е назначена за главен осомничен за експлозијата во Монако вечерта на 29 јуни, во која украинскиот бизнисмен Вадим Јермолаев беше ранет.

Интерпол објави и две фотографии од осомничената со известување на кое се вели дека има тетоважа, за која се верува дека прикажува змија, на десната рака од рамото до лактот. Се вели дека е родена во Украина, има темна коса и зборува германски јазик.

Березовска последен пат беше видена како бега од Монако откако со активирање на експлозивна направа се обиде да го убие 58-годишниот олигарх Вадим Јермолаев, неговата љубовница, 46-годишната Ана Насобина, и нивниот син.

Според властите во Монако, осомничената наводно се преправила во маж за време на нападот, објави Си-ен-ен.

Според некои извори од органите за спроведување на законот, двајца осомничени веќе се приведени како дел од истрагата. „Украинска правда“ тврди дека едниот од нив е активен член на Главната разузнавачка дирекција (GUR), а другиот е поранешен член на органите за спроведување на законот.

Јермолаев, кој беше цел на нападот, во меѓувреме излезе од кома и се опоравува во болница во Марсеј. Насобина е сè уште во критична состојба откако во понеделник вечерта беше пренесена во болницата Пастер во Ница и ѝ била извршена ампутација на двете нозе.

ВИДЕО | Украински олигарх и неговото семејство се повредени во бомбашки напад во Монако

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот