Фото: Принтскрин / Икс

ВИДЕО | Автобус се преврте во Турција — загина една патничка, 40 се повредени

Патнички автобус утрово излетал од патот и се превртел во турската провинција Кирикале, при што загинала една жена, а 40 други биле повредени, објави „Анадолија“.

Автобусот, на компанијата „Суха Туризм“, патувал од Текирдаг кон Кајсери кога возачот изгубил контрола и автобусот се превртел во близина на Државната болница Каракечили, на патот Каман-Анкара.

По пријавата за несреќата, на местото биле испратени екипи на турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби, пожарникари, медицински екипи, жандармерија и полиција.

Во несреќата биле повредени вкупно 41 човек, меѓу кои и тројца луѓе со тешки повреди. Една од повредените патнички, Текмиле Атасој, била пренесена со брза помош во болница во градот, но починала и покрај укажаната медицинска помош.

„Повредените од местото на несреќата биле пренесени во болници. Сметаме дека тројца од нив се во тешка состојба. Коловозот станал лизгав поради првиот утрински мраз. Ова била несреќа предизвикана од лизгавите услови на патот“, изјави гувернерот на Кирикале, Хусеин Енгин Сарибрахим.

Сариибрахим им посака брзо закрепнување на повредените и додаде дека возачот на автобусот бил приведен, додека истрагата за несреќата продолжува.

ВИДЕО | Автобус излета од патот во Турција, 4 загинати, 13 повредени

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот