фото: Erkin Keci / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Револтирани косовски млекари го „поплавија“ Министерството за земјоделство со млеко

Производителите на млеко во Косово вчера протестираа пред Министерството за земјоделство, шумарство и рурален развој со камиони и цистерни, истурајќи млеко пред Министерството во знак на незадоволство од односот на државата кон млечната индустрија, јавува Анадолу.

Тие истурија стотици литри млеко од цистерните кон зградата на Министерството, во знак на незадоволство од начинот на кој извршната власт управува со млечната индустрија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Klan Kosova (@klankosovaofficial)

Производителите на млеко во Косово побараа државата да преземе мерки за индустријата и да гарантира инвестиции и сигурност за млечните производи и нивните преработки.

Тие побараа Владата на Косово итно да го запре увозот на млеко од земјите во регионот по дампинг цени, бидејќи, како што рекоа, на тој начин се фаворизираат увозниците, а не домашните производители.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TV21 Macedonia (@tv21_macedonia)

Протестот доаѓа откако млекарницата „Вита“ во Исток беше привремено затворена на неколку дена од самата компанија.

Нејзиното затворање следуваше откако инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) извршија контроли на 2 јули во оваа фабрика.

Подоцна од компанијата соопштија дека ќе ја продолжат работата веднаш штом надлежните органи ги објават резултатите од земените примероци.

Агенцијата за храна соопшти дека при физичката контрола на објектот биле утврдени несогласувања со важечките закони.

Лекарски бунт во БиХ — 32 доктори дадоа отказ поради ниските плати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот