Фото: Профимедиа

ВИДЕО | „Ауди“ се заби во ископан дел од трамвајска пруга во Загреб и го закочи сообраќајот

На една од најпрометните раскрсници во Загреб, денеска имаше застој во трамвајскиот сообраќај откако автомобил падна во ископан дел од трамвајската пруга, пренесуваат хрватските медиуми.

Инцидентот се случил на крстосницата на улицата „Савска“ и улицата „Града Вуковара“ во Загреб.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, пред само неколку дена на оваа крстосница била воведена нова сообраќајна регулатива поради градежни работи. Автомобилот кој заврши во ископан дел од железничката пруга, беше извлечен од служба за влечење.

Нова регулатива

Новата сообраќајна регулатива е на сила од 31 август на оваа крстосница. Беше воведена поради реновирање на главниот водоводен цевковод во улицата и реновирање на трамвајската пруга.

Инаку, како што пишува хрватскиот портал, од минатата сабота сите свртувања налево се оневозможени на таа раскрсница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот