Фото: Филип Николов / Слободен печат

Кисела Вода еднократно ќе ги обесштетува жителите што се поплавија од невремето

Општина Кисела Вода отвора постапка за доделување еднократна парична помош, со цел, како што вели, да им излезе во пресрет на жителите кои претрпеа поголеми штети поради минатонеделните обилни врнежи од дожд и невремето што го зафати Скопје.

Луѓето кои ќе аплицираат за оваа помош, потребно е до архивата на Општина Кисела Вода да достават барање придружено со следната документација:
-фотокопија од важечка лична карта или пасош;
-фотокопија од трансакциска сметка;
-фотографии од настанатата штета;
-записник од надлежен орган за претрпената непогода од позначителен обем, во стaнбениот објект за живеење
-доказ за сопственост на објектот.

По приемот на барањата, велат од Кисела Вода, проценка ќе прави посебно формирана комисија, по што ќе биде одлучено кому ќе бидат одобрени финансиски средства.

„Ги повикуваме граѓаните целокупната документација да ја достават во најбрз можен рок до архивата на Општината, за понатамошно постапување од надлежните служби“, велат од Кисел Вода.

Невремето кое минатата недела го погоди Скопје предизвика поплави, паднати дрвја, оштетувања на инфраструктурата и отежнат сообраќај. Меѓу другото, поплавени беа неколку подвозници со заглавени возила пред кружниот тек во Бутел и на булеварот „Србија“ во Општина Кисела Вода. Беа пријавени поплавени куќи, подрумски простории и гаражи во Кисела Вода, Автокоманда и Чаир, како и поплавени магацини во Чаир и Кисела Вода, меѓу кои и оној на книжевниот центар „Антолог“.

ВИДЕО+ФОТО | Невреме во Скопје, улиците поплавени, сообраќајот во хаос

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот